Еден од главните играчи на Јувентус, Душан Влаховиќ, минува низ тежок период со својата форма, а локалните медиуми се обидуваат да ја откријат причината зад драматичниот пад.
Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ ја поврзува неговата лоша форма со приватни проблеми и емоционален стрес.
„Проблемите на Влаховиќ не се само на теренот. Неговите лични односи, особено со партнерката Вања Богдановиќ, се во центарот на вниманието и се смета дека тие можеби влијаат на неговите перформанси во играта“, пишува весникот.
Според информациите, Влаховиќ ги избришал сите заеднички фотографии со Вања од социјалните мрежи, што дополнително го поттикна шпекулациите за нивниот раскин и можната криза во врската.
Од почетокот на сезоната, Влаховиќ има само два гола, и тоа од пред цел месец, што е некарактеристично за играч од неговиот калибар. Фановите и спортските аналитичари сега очекуваат дали ќе успее да излезе од оваа криза и повторно да го пронајде својот голгетерски инстинкт.