Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ќе може да игра во следните три натпревари, бидејќи денеска беше прифатена жалбата на клубот за укинување на неговата суспензија.
“Бруно Фернандеш ќе биде на располагање на тимот за следните три натпревари благодарение на успешната жалба“, стои во официјалното соопштение на Манчестер Јунајтед.
Фернандеш доби директен црвен картон за остар старт врз Џејмс Мадисон на натпреварот против Тотенхем во Премиер лигата.
Капитенот на Јунајтед првично требаше да ги пропушти натпреварите против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.
Манчестер Јунајтед оваа сезона игра разочарувачки и моментално е на 13-то место на табелата со само седум освоени бодови, по поразот од Тотенхем со 0:3.