Протест на навивачите на Борусија против реформите на Лигата на Шампионите

Навивачите на Борусија Дортмунд испратија јасна порака преку транспарент со натпис “UEFA мафија” за време на убедливата победа над Селтик во второто коло од Лигата на Шампионите.

Под транспарентот беше видлива и порака на англиски јазик која гласеше:

„Не ве интересира спортот, само парите ви се важни.“

Над главната порака беше поставено и знаме со веб линк на германски јазик кој гласеше „не на реформите на Лигата на шампионите“.

Навивачите на „жолтиот ѕид“ на Вестфален стадионот на овој начин изразија незадоволство против промените во европскиот фудбал, додека уживаа во победата над шкотскиот тим со резултат од 7:1 (5:1).

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *