Slot соопшти добри вести за Ливерпул, враќањето на Алисон е се поблиску

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер би можел да се врати на теренот овој викенд по повредата, рече денеска тренерот на тој фудбалски клуб Арне Слот.

Алисон се опоравува од повредата на тетива, па нема да игра во среда против Вест Хем во третото коло на Лига купот, а ја пропушти и натпреварот против Борнмут (3:0) во Премиер лигата во саботата, кога бранеше Kејвин Kелехер.

Алисон се враќа, но мислам дека овој натпревар доаѓа прерано, гледаме да се врати за викенд против Вулверхемптон, но ќе биде тесно. Но, нема да игра утре сигурно па Kејвин ќе биде на голот”, рече Слот.

Напаѓачот Федерико Кјеза би можел во среда првпат да биде во првиот тим на Ливерпул. Слот рече дека тој уште се враќа во полна физичка форма.

“Мислам дека не може да игра 90 минути, за сега има одиграно само 25 минути како максимум во последните три, четири, пет месеци. Но, мислиме дека може да биде во првиот тим”, наведе Слот.

Натпреварот на Енфилд започнува во среда од 21 час.

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *